АИЕСЕК ЛК Прилеп организира „Art and Culture Festival“

АИЕСЕК ЛК Прилеп од 04 август до 16 септември го организира проектот „Art and Culture“ во чии рамки, во периодот од 28 август до 01 септември ќе се одржи „Art and Culture Festival“.

 

Од AISEC велат дека станува збор за 5 дневен динамичен и креативен настан кој ќе ги вклучи сите и ќе ја истакне уметноста како битен елемент во секојдневието и културната разноликоста како преубаво нешто.

 

„Целта на „Art and Culture Festival“ е да истакне дека уметноста може да биде канал за комуникација преку кој може да се адресираат и решаваат општествени роблеми, да се поддржат младите кои решиле да остварат кариера во областа од некоја уметност и да се прмовира толеранцијата, соживотот и мирот меѓу културите. Поточно да се прифатат различностите и да уживаме во разноликоста“, велат од АИЕСЕК ЛК Прилеп.

 

 

 

Во рамките на „Art and Culture Festival“ ќе се организирале и јавни работилници, панел дискусии и уметнички перформанси/настани предводени од младите во Прилеп.

 

Преку овој проект АИЕСЕК ЛК Прилеп вклучува тројца интернационални волонтери и тоа две девојки од Романија и едно момче од Турција.

 

Инаку AISEC е меѓународна младинска невладина организација која работи на подобрување на општественото живеење во Прилеп, вклучувајќи ги младите во тој процес со што ги подобруваат своите квалитети и се истакнуваат.

 

Визијата на организацијата е остварување на човечкиот потенцијал и мир во светот. Визијата и целите ги остваруваме преку имплементација на проекти кои се базирани на интернационална размен на студенти.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи