Пет децении од Прашката пролет

Facebook
Twitter
Email
Print

Чешка Република и Словачка денеска ја одбележаа 50-годишнината од инвазијата на трупите на Варшавскиот пакт под советско водство со цел задушување на периодот на либерализација во земјата познат како Прашка пролет.

 

Во рок од неколку месеци откако тој ја презеде функцијата лидер на Комунистичката партија на Чехословачка, Александар Дубчек ја укина политичка цензура, започна со економските реформи и го остави зад себе сталинистичкото минато на земјата. Целта на реформите беше „социјализам со човечки лик”.

 

Советски, полски и унгарски војници маршираа во чехословачкиот главен град Прага, ноќта помеѓу 20 и 21 август таа година и на брутален начин, со тенкови на улиците, го задушија сето она што го сметаа за опасен политички развој на настаните што се случуваа во сферата на влијание на Москва. Москва и нејзините комунистички сојузници на првиот ден од инвазијата на Чехословачка испратија 200 000 војници, а бројот подоцна се зголеми на 600 000. По воената интервенција, последните советски сили ја напуштија земјата дури во јуни 1991 година. Историчарите тврдат дека 137 цивили биле убиени во задушувањето на Прашката пролет помеѓу август и декември 1968 година.

 

Обележувањето на годишнината не помина без контроверзии. Чешкиот претседател Милош Земан беше исклучително тивок, а бројни либерали го обвинаат за претерана блискост со рускиот претседател Владимир Путин, поради што, како што укажуваат, не сака премногу да биде критичен кон она што го направиле Советите во тоа време.

 

Стотици демонстранти синоќа се собраа пред руската амбасада во Прага на протест против континуираната руска улога како „агресор”, во регионот, потенцирајќи ја анексијата на Крим од соседна Украина во 2014 година.

 

Словачкиот премиер Петер Пелегрини пак во статија во весникот „Хосподарске новини“ нагласи дека „тие трагични случувања го погодија секое семејство Во меморијата на нашите татковци и дедовци, тие ќе останат засекогаш како нешто што никогаш не треба да се повтори“.

 

Тој додава дека инвазијата на армиски единици на СССР ги прекинала демократските процеси во Чехословачка.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи