ВИДЕО – Се одржа 3-тиот „FIS Ролер ски куп“ во Кривогаштани и Крушево, Ставре Јада прв

Над 30-тина учесници од Србија, Грција, БиХ и Македонија учествува на денешниот FIS ролер ски куп кој 3-та година по ред се одржува помеѓу Општините Кривогаштани и Крушево, а посветен на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески. Трката беше долга 12 км, од Кривогаштани до центарот на Крушево.

 

 

„И овие натпревари се бодуваат исто како и зимските натпревари, така што на овие натпревари нашите натпреварувачи и сите учесници добиваат бодови за крајната ФИС листа и секако овие натпреварии влегуваат во оние квалификациски натпревари за зимските олимписки игри“, вели Ѓоко Динески, селектор на македонската нордиска и биатлон репрезентација.

 

Организатор е скијачката федерација на Македонија. Инаку Ролер скиите се замена за скијање во летни услови.

 

„Скијањето и ролер скиите иако се слични се два различни спортови според мене. Разликата е тоа што на скиите има помала стабилност за разлика од ролерите и малку е потешко да се возат овие ролер скии“, вели Сања Кусмук, натпреварувач од БиХ.

 

„Трета година по ред доаѓаме тука, учествуваме со 13 атлети, редовно доаѓаме бидејќи патеката е одлична и местото е убаво“, рече Кристос Титас, натпреварувач од Грција.

 

„Ова е ми е втора година како сум тука, организацијата е одлична, задоволна сум со стазата, се е во најдобар ред“, истакна Анастасија Војновиќ, натпреварувач од Србија.

 

Прв беше македонскиот олимпиец Ставре Јада.

 

„Интересот за овој натпревар е се поголем бидејќи и овие ролер ски натпревари влегуваат во тиие ФИС натпревари и сиите држави доаѓаат за да се одмерат силите“, истакна Ставре Јада, натпреварувач од Македонија.

 

Од скијачката федерација на Македонија се надеваат дека овој куп ќе стане традиционален со уште повеже гости од целиот Балкан.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи