Французинот Јаник Макота ново засилување на Победа

26-годишниот французин Јаник Макота од вчера се приклучи на тренинзите на прилепскиот прволигаш Победа и наредниве денови се очекува да биде официјализиран неговиот трансфер.

 

Станува збор за класичен напаѓач роден во Лион кој потекнува од школата на ФК Лион Душер, помалиот од двата клубови од овој град. Активната кариера ја започнал во ФК Нанси, а фудбалскиот пат го носел во португалскиот второлигаш Ковиља, неколку француски и белгиски третолигашки клубови. Се работи за робусен и брз фудбалер кој е најопасен во противничкиот казнен простор, со истанчан осет за гол и изразени реализаторски способности.Макота има натапи за репрезентацијата на Камерун до 20 години во генерацијата со сегашниот играч на Вардар Битанг.

 

Од Победа најавуваат дека за Макота се очекува комплетирање на комплетната документација со цел да се запази крајниот рок 31-ви август до кога трае летниот преоден рок за трансфери во нашиот фудбал. Доколку се биде во ред Макота би бил во комбинација за натпреварот од 4-тото коло, во кое Победа ќе му гостува на Силекс во Кратово.
Макота ќе биде 13-тиот фудбалер кој Победа го ангажира за новата сезона.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи