„Мамути“ на капење на Пелистер

Планинарскиот клуб Мамути и оваа недела поминаа со уште една успешна планинарска акција. Во неделата тие ја испешачија една од најубавите планинарски патеки на Баба Планина со искачување на врвот Пелистер 2601м. и посета на двете езера познати како Пелистерските очи.

 

Групата броела 30 членови од кои и најмаладиот член од 7 годишна возраст, Даниел Стојаноски.

 

„Турата започна од Инфо центарот на Пелистер се движевме преку местото Палиснопје па се до местото Болници кои што се од прва светска војна каде преку камењарот го искачивме врвот Пелистер и се упативме кон Пелистерските очи Мало и Големо езеро каде се разладивме во ладните води. По пат турата беше богата со боровинки и малини на кои сите членови неможе да оддолеат на нивниот вкус. Патеката беше долга 25 км. и после 10 часа заврши на Ниже Поле“, велат од ПК „Мамути“.

 

Следна акција на Мамути се врвовите Вихрен и Тодорка во Бугарија на 08-09.09.2018.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи