Уапсен прилепчанецот кој бојадиса куче, ќе добие кривична пријава за мачење животни

По пријава од граѓанин дека човек се изживува со куче на плоштадот во Прилеп, вчера полицијата го уапсила 56-годишниот М.М. кој беше фотографиран како малтретира бојадисано куче во центарот на градот.

 

Фотографиите проциркулираа на социјалните мрежи каде предизвикаа жестоки реакции и осуда.

 

Од МВР утринава соопштија дека против осомничениот ќе биде покрената кривична пријава за мачење на животни.

 

„На 29 август во 19.00 часот во Полициска станица Прилеп лице од Прилеп пријавило дека околу 16.30 часот непознато машко лице малтретира животно на градскиот плоштад во Прилеп. Истиот истурил црвена боја врз куче и започнал да го влече за едната нога. По пријавување на настанот излезено е на местото на настанот каде што е извршен увид. По преземени мерки полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп од слобода го лишиле М.М.(56) од Прилеп. Со лицето е извршен разговор, по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “мачење животни” казниво по член 233 од Кривичниот законик на РМ“, велат од таму.

 

Пред неколку денови беше бојадисано и мало маче со жолта боја во Прилеп, кое подоцна беше врзано и оставено во близина на ромските гробишта, и пронајдено од страна на средношколка која го згрижила мачето.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи