Ноќ за паметење на седмиот „Интернационален џез викенд“ во Прилеп

Вториот фестивалски ден на седмиот „Џез викенд“ во Прилеп, понуди уште една ноќ за паметење. Публиката уживаше во настапите на бендот на Васил Хаџиманов, грчкиот „Палете Ансамбл“ предводен од саксофонистот Сократис Вотскос, како и на Јордан Костов и интернационалниот состав „Шангај Интенс“.  Познатиот џезер Јордан Костов, истакна дека прекрасно се чувствува на џез сцената во Центарот за култура „Марко Цепенков“, на која настапува за прв пат.

 

„Публиката има можност да ужива во различниот репертоар на бендови кои ќе го дадат својот максимум. Станува збор за интернационален фестивал и секој еден од нас си носи свои орнаменти од каде доаѓа. Порачувам да уживаат во ’Џез фестивалот’ во Прилеп“, посочи Костов.

 

Многубројната публика не ги криеше импресиите од двете фестивалски вечери.

 

  • „Ова ми е прва година и навистина е добро. Добро е организиран фестивалот. Изведбата на вчерашните групи беше брилијантна и мојата препорака е секој да дојде и да ја искуси оваа атмосфера“

  • „Супер е, одлично е! За прв пат сум тука и најубав впечаток ми остави првата фестивалска вечер, а уживаме и во вечерашната“

  • „За прв пат сум тука и навистина е супер“

  • „Ме импресионира прекрасната музика. Има нешто посебно во неа, не можам да го објаснам чувството“.

ОВА БЕА САМО ДЕЛ ОД КОМЕНТАРИТЕ НА ПУБЛИКАТА.

 

 

 

 

 

Денеска е третиот и последен фестивалски ден од Интернационалниот џез викенд. Познатите џез имиња како што се Јаков Дренковски, французите „Ле Бал Пури“ и српскиот бенд „Деца Лоших Музичара“, се гаранција за уште едно незаборавно музичко доживување на летната сцена од Центарот за култура.

 

„Џез викендот“, кој е во организација на Општина Прилеп и кој станува препознатлив бренд на градот под Марковите кули, го презентира музичкото творештво во светот на џезот пред прилепската публика, со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските светски културни вредности.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи