ВИДЕО – Нема веќе кој да работи во фирмите – Македонците масовно се иселуваат

Поради масовното иселување македонските компании се повеќе се соочуваат со недостигот на работни сила. Ако претходно тоа беше страучна работна сила, сега таа е од секаков вид. Бизнисмените го вклучија алармот, велат дека проблемот мора да се решава под итно. Од Регионалната стопанска комора во Припеп дури предложија тоа да се направи со увоз на работна сила, искусто кое го користеле некои соседни држави.

 

 

„До пред еден извесен временски период разговаравме на темата на недостаток на соодветна, креирана, едуцирана или истренирана работна сила, меѓутоа сега станува збор за недостаток на работна сила воопшто. На жалост ситуацијата не е ништо подобра ни во регионот. Пред еден извесен период бев во Босна, ситуацијата е уште полоша. Во Албанија веќе е иселена, Хрватска веќе и самите податоци укажуваат на тоа дека голем дел, поготово од младата популација, потенцијалната работна сила го напушта регионот и оди во европските земји. Дефинитивно процесот на миграција ние не можеме да го забраниме или да го спречиме, меѓутоа мора да најдеме начин како на национално ниво, така и на регионално ниво како да го амортизираме, се со цел да не направиме некој економски негативен ефект на стопанството или капиталот кој што во моментот го имаме во Прилеп конкретно, но и во нашата држава. Од тие причини по иницијатива на комората формирана е работна група составена од сите менаџери на човекови ресурси од стопанството од Прилеп, која што работи на темата регулирање на овие проблеми и надминување на истите, на кои што точки накнадно ќе разговараме на денешната седница. А фактите и показателите се малку застрашувачки, 538.000 популација е замината за последниот временски период. И еве конкретно во Комфи Ангел, доколку порано во апликација за општ работник ни се јавуваа 140 вработени, сега едвај се јавуваат 10 потенцијални кандидати. Тоа докажува дека е редуциран бројот на работно способната популација“, изјави Ирена Јакимоска, претседател на Регионална стопанска комора Прилеп.

 

Според Јакимоска со губењето на работната сила се губеле и потенцијалните потрошувачи и полнењето на буџетот на државата.

 

„Има можност да се спречи на национално ниво со тоа што може да се направи одредена национална стратегија, да може да се отворат нашите можности, нашите компании, нашата држава за увезување на потенцијална работна сила, што покасно анализите ќе ни покажат. Бугарија го направи со увоз на претставници на потенцијална работна сила од Индија и Кина. Значи може да го следиме тој чекор. Или пак мојата визија беше да му се овозможи на одредени странци да можат да студираат на нашите факултети и да се партиципира истото. Од една страна не само што имаме губење на потенцијална работна сила, ние губиме и потенцијални потрошувачи, што де факто влијаие негативно на стопанството што работи на домашен пазар. Имено, 41% од целиот македонски буџет се полни од ддв. Тоа значи доколку ја губиш потенцијалната потрошувачка популација, се намалува и учинокот на ддв-то во целокупниот буџет“, додаде Јакимоска.

 

Дел од компаниите пак велат дека стипендирањето на учениците како во средните училишта така и на факултетите е еден од начините тие да се задржат тука.

 

„Филип Морис Тутунски комбинат, како општествено одговорна компанија, се со цел подобрување на овие горливи проблеми, инвестира во средното индустриско училиште Ристе Ристески Ричко 80.000 долари, во реновирање на 4 практични училници, се со цел добивање на едуциран млад кадар кој иднината и опстанокот ќе го гради во општина Прилеп. Нас ни недостига во делот на технички кадар, електро-машински инжинери, електричари, бравари. Затоа оваа инвестиција што ја правиме во ова училиште е добредојдена и ги повикувам сите бизнисмени од град Прилеп да го следат овој чекор во вложување во вакви кадри, кои својата иднина понатаму ќе ја градат во општина Прилеп“, кажа Кире Станкоски, директор на Тутунскии комбинат Прилеп.

 

Голем дел од работоспособното население се вработи и во странските инвестиции. Македонските компании сега бараат исти услови како и странците.

 

„Иницијативата на Регионалната стопанска комора е одлична. Ние ја поддржуваме, активно партиципираме, а во насока на тоа да се изнајдат најсоодветни решенија за да можеме да го решиме или ублажиме овој проблем кој што е актуелен подолг период наназад. Генерално и ние како Витаминка се соочуваме со недостиг на технички кадар, пред се среднисти, но сигурно и академски кадар. Со цел да ги направиме нашите компании поатрактивни на пазарот на трудот, ќе предлагаме некои мерки кои ќе одат во насока на тоа нашите домашни компании да станар поконкурентни во однос на компаниите кои што работат во индустриските зони, кои вработуваат поголем број на работници. Ќе мора да предлагаме како регионална канцеларија некакви мерки и активности, кои што ќе не стават на еднакво рамниште и нас и нив, бидејќи од кај нас се соочуваме со одлив на работна сила во зоните, но знаеме дека се корисници оние кои партиципираат таму, кои работат, на накаква државна помош, која значително ги олеснува условите за работење во однос на домашните компании. Сигурно дека постои една тенденција на иселување од земјата. Тенденцијата би рекле дека во одредена мера на можеме да ја запреме, меѓутоа факт е дека постојат начини, постојат механизми со кои ние можеме да влијаеме да не биде иселувањето во толкав обем како што е во овој момент, или долг период наназад“, рече Орде Ѓорѓиоски, правни и општи работи во Витаминка.

 

Но за жал засега нема решение за најголемата приичина за иселувањето, а тоа е ниската плата, која воопшто не е доволно за пристоен живот.

 

„Треба да најдат начин, налик ова што го кажа директорот на Тутунски комбинат, кои направија заедничка работа што со вложувањето на 80.000 долари на Филип Морис во средното училиште Ристе Ристески Ричко, каде му е потребен таков кадар од стручната работа. Сите други компании, еве сега почнува школската година, да најдат начин, да направат услови да партиципираат во нивната едукација, во нивното студирање, затоа што ако им се даде стипендија на тие млади деца, соодветна, адекватна и доволна, за во наредниот период да се вратат и да имаат обврска и стимул да останат во нашите фирми. Тоа е еден од начините, кој што мислам дека понатаму треба да се применува и за наредната година да направиме план, од сите стопански субјекти, колку машинобравари им се потребни, шивачи, итн. од секоја струка, да направиме средните училишта за тие занаетски работи да можиме да ги планираме и со тој начин помалку ќе имаме одлив на млади сили надвор од државата. Тоа ќе биде и поттик да се зголеми и цената на трудот во наши услови. Јас гледам дека и другите компании што се како надворешна странска инвестиција, во последен момент почнаа и да ја зголемуваат цената на трудот, што е добро и мислам дека тоа можеби беше и принудно во овој момент, но во наредниот период тоа мора да биде правено континуирано, планирано и тоа ќе биде еден од начините за нашите млади да имаат услови и желба да останат овде“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Од Општина Прилеп порачаа дека во иднина можело многу повеќе да се искористуваат ЕУ фондовите за да младите останат дома.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи