ВИДЕО – Граѓаните на Прилеп со голем интерес за искористување на средствата од фондовите на ЕУ

Околу 40 отсто од целокупната помош која ЕУ и’ ја нуди на Македонија е насочена кон локалните заедници и без разлика, што досега е многу направено, потребни се уште многу подобрувања во таа насока. Ова во Прилеп го истакна Раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини, во рамките на кампањата насловена како „ЕУ за Тебе“, преку која во Прилеп се одржа работилница за механизмите на финансиска поддршка на ЕУ.

 

 

Голем број претставници на бизнис секторот, земјоделци, невладини организации и граѓани на Прилеп, покажаа огромен интерес за работилницата, на која се запознаа со актуелните можности што ги нуди ЕУ за финансирање на локално ниво. Бертолини посочи дека најзначајно нешто во однос на успешни реализирани проекти за локалната самоуправа е инвестицијата во човекови ресурси.

 

„Пред се’ тоа е е инвестирањето во човечките ресурси Тие треба да бидат млади луѓе кои ќе бидат обучени да работат со ваков вид проекти, а многу е значајна и инклузивноста на сите заедници во решавањето на конкретни проблеми преку овие проекти. Во однос на поедноставувањето на аплицирањето не можеме да очекуваме олеснување во наредниот период затоа што процедурите се така направени за да одговорат на тоа да се има поголема контрола на на целиот процес, што е и барање на самите даночни обврзници во Европа. Но сепак тоа што ние можеме да понудиме е начин како да се помогне при аплицирањето на тие проекти за да бидат успешно и добиени и реализирани. Тоа што ние правиме е да и помогнеме на Владата да се фокусира на решавање на локални проблеми на начин на кој што од нив бараме да го децентрализираат процесот на спонзорирање и овозможување фондови за одредени проекти, досега ситуацијата се одвивала во една насока, тоа не е задоволително, ние правиме напори да ја насочиме Владата за изнаоѓање решенија за таа насока“, истакна Бертолини.

 

На прашањето колку Македонија ги искористува овие кога ќе се компарира со соседните земја тој истакна дека работите како што стојат сега баш и не биле во некоја најдобра насока

 

„Можам да кажам дека лани инало повеќе проекти од претходната година, но сепак тоа не е на задоволително ниво, проблемот е кога на пример се работи на голем инфраструктурен проблем станува збор за одложување на работите до таа мера што дури станува песимистичко да се очекува некој резултат, но ние работиме токму ова да се надмине за да има поефикасна реализација на тие проекти“, потенцираше Бертолини.

 

Градоначалникот Илија Јованоски рече дека денешната работилница, која ја организираше Делегацијата на ЕУ, беше во насока на појаснување на можностите за аплицирање до европските фондови, кои им стојат на располагање на стопанскиот и невладиниот сектор.


„Европската Унија има повеќе фондови за граѓаните, невладините организации и стопанските субјекти. Ние како Општина Прилеп и јас како градоначалник, ќе се заложиме за да овозможиме амбиент и услови за имплементација на сите проекти за подобрување на инфраструктурата, измена на деталните урбанистички планови во градот и организирање на средби како денешната, за промовирање на начинот на користење и трошење на европските пари“, изјави Јованоски.

 

Јованоски нагласи дека сето она што го нуди ЕУ, како и приклучувањето на Македонија кон НАТО, дава можности за подобрување на земјоделието и економијата и нуди повеќе работни места за подобра и европска Македонија.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи