ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Локацијата за изградба на училиштето е во консултација со жителите на Сточен Пазар и Жабино Маало

Изгледа уште не ви е јасно дека сте на власт, после долги години поминати во опозиција. И наместо вашиот ПР да пишува пресови за реализирани нови проекти, како што доликува на една владеачка структура, вие уште држите пресови и  го замајувате народот со некогашното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Но тоа говори само едно, дека оваа локална власт не работи апсолутно ништо и нема со што да се пофали! Истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Проблемот госпоѓо Ташкоска е што вие на работите гледате од високо, од авион, наместо да се спуштите меѓу обичните граѓани и да ги слушнете нивните предлози и сугестии. Локацијата за изградба на училиштето е по консултација со тамошните жители на двете населби, Сточен Пазар и Жабино Маало.
Со кој образ СДСМ зборува за криминал? Оваа веќе видена реторика не е ништо друго освен одраз на безидејноста и немањето свои проекти.  Народот секојдневно сведочи за срамни тендери на новорегистрирани фирми, противзаконси тендери доделени на високи партиски челници од редот на СДС, тендери поврзани со милионски суми на кои трагата не им се знае. Македонија не памети вакво задолжување во олку краток период, само за да се задоволат апетитите на одредени поединци, додека резултатите се очајни! Се делат тендери во четири очи, со непочитување на сите законски постапки и регулативи!
И конечно, училиштето е изградено, а за да функционира нормално треба да се доизгради и околната инфраструктура што веројатно за вас тоа претставува голем залак, доколку се земе предвид досегашното неработење со кое покажавте дека ниту знаете, ниту можете да сработите нешто корисно за Прилеп и прилепчани. Мизерниот процент на реализирани капитални проекти кои пред скоро време си го изгласавте на седница, доволно говори за вашето неработење.
Ве прашуваме уште колку други училишта се изградени покрај река? Смешно и апсурдно е ова ваше алиби. И наместо да го слушнете гласот на народот, да ги прифатите сите критики и сугестии, да сфатите дека со евтин популизам, непотизам не се тера мандат на локално ниво и да ги засукате конечно ракавите и да почните со реализација на ветеното, вие уште продавате ветер и магла.
Бидете сигурни дека таквото однесување и незаинтересираност за потребите на прилепчани ќе биде казнето на следните избори! Она што го наследивте го уништивте, она што го ветивте не го остварувате. Но ве убедуваме дека ќе дојде време кога Прилеп ќе продолжи да се развива како што доликува, како еден од најубавите градови во Македонија, кој за жал токму поради вас го губи сјајот со секој изм инат ден“, рекоа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи