ВИДЕО – „Заборавате дека во МВР работев и дека ве прислушкувам“ – градоначалник со закани кон вработените

Facebook
Twitter
Email
Print

Во пресрет на референдумот кој ќе се одржи на 30-ти месецов, граданочалникот на Општина Демир Хисар од СДСМ, Марјанче Стојановски им се заканувал на вработените во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат. Пренесува порталот Економски Лидер.

 

 

 

 

Економски Лидер стигнал до ексклузивно видео од состанок на Стојановски со вработените кои се бунтувале на перманентниот притисок од негова страна и заканите кои постојано ги добиваат од општината за преместување од нивните работни места и отпуштања.

 

„Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму“, им вели Стојановски на вработените во училиштето.

 

Ваквата закана на Стојановски како што пишува Економски Лидер отворало простор за тоа дека МВР незаконски ги прислушува граѓаните, по што би требало да биде отворена истрага од страна на обвинителството. Со оглед на тоа што се работи за период пред референдумот, ова може да се протолкува и како притисок, што според кривичниот закон е класифицирано како тешко кривично дело.

 

Марјанче Стојановски на градоначалничката позиција дојде на последните избори од редовите на СДСМ. Петходно работел во Министерството за внатрешни работи.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи