Џонсон : И да не се согласувате со договорот излезете на референдумот

Facebook
Twitter
Email
Print

Продолжуваат посетите на високи меѓународни претставници на земјава во пресрет на референдумот. По Меркел и Курц, денеска и американскиот сенатор Рон Џонсон на средби со државниот врв.

 

Сенаторот од Висконсин ги повика граѓаните да го искористат правото на глас и порача дека само со успешен референдум, земјава може да се надева на членство во ЕУ и НАТО.

 

„Сакаме да го поддржиме решението на овој проблем, тоа е единствениот начин за членство на Македонија во НАТО. Многу е важно за НАТО, многу е важно за безбедноста на Балканот и Македонија, тука сме да ги охрабриме сите Македонци да излезат и да гласаат, дали се согласувате со договорот или не, мора да го искористите вашето право да гласате и излезете и покажете им на вашите лидери, на овие храбри премиер кои најдоа решение на овој важен проблем, покажете им што чувствувате и излезете и гласајте“, изјави Рон Џонсон, сенатор на Висконсин.

 

Џонсон е претседавач на поткомитетот за европска и регионална безбедносна политика во Сенатот, а пред да дојде во Македонија, беше и во Грција. На новинарско прашање за отпорот кој го има против договорот во двете земји, но и за тоа што опозицијата во земјава се уште нема јасно изграден став, Џонсон дециден – отпорот кон договорот е знак дека компромисот е добар.

 

„Штотуку доаѓам и од Грција, и таму има голем отпор на договорот. Често пати во американската политика ако имате решение кое никој не го сака, можеби сте ја нашле вистинската точка на прифатливо решение. Ова е тежок проблем кој се насобираше 27 години. Им аплаудирам на двајцата премиери што заземаа позиција дискутираа и соработуваа со американската влада која ги охрабруваше и поддржуваше, но на крајот ова е нивно решение“, рече Џонсон.

 

Американскиот сенатор покрај со премиерот Заев, во Собранието се сретна и со спикерот Талат Џафери. Сенаторот Рон Џонсон е и ко-спонзор на резолуцијата за поддршка на договорот со преспа, а важи и за близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи