Желки се вратија на исчистена плажа во Индија по цели 20 години

Морските желки опстануваат во океанот повеќе од 100 милиони години, но нивниот опстанок е веќе загрозен од човечкото влијание и однесување. Дека можеме да смениме нешто со животната средина покажува и најновата акција на чистење плажа во Индија при што е собрано над 5 милиони килограми пластика во период од 85 недели.

 

 

Обединетите Нации ова го нарекоа светски најголемиот проект за чистење плажа. Плажата е целосно трансформирана во прекрасно место каде желките безбедно можат да ги загнездат јајцата.

 

 

Опстанокот на шест од седумте видови морски желки сè уште се смета за критичен, така што има многу работа за да се осигураме дека овие убави антички суштества нема засекогаш да исчезнат од океаните.

 

 

Токму затоа во Индија се ангажирани 30.000 ученици и 500 волонтери редовно да ја чистат и одржуваат плажата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи