Најмалку 60 загинати и преку 3 милиони евакуирани во Хонг Конг и во Кина поради тајфунот Мангут

Facebook
Twitter
Email
Print

Тајфунот „Мангут“ кој го погоди Хонг Конг, продолжи кон север и се заканува да го погоди и крајбрежјето во јужниот дел на Кина. Тајфунот почна да дува со 170 километри на час, но неговата брзина се зголеми на 220 километри на час.

 

Властите сметаат дека Мангхут би можел да биде полош од тајфунот Хато кој го погоди Хонг Конг минатата година, кога загинаа десет луѓе. Целиот регион откажа стотици летови и го ограничи јавниот превоз.

 

Информации говорат за најмалку 54 загинати во Хонг Конг и четири во Кина. Во градот „Гуангжи“ е наредена евакуација на повеќе од три милиони лица, кои треба да ја напуштат таа провинција што побрзо.

 

Ветриштата откорнале кровови на неколку куќи, направиле хаос во неколку насолби, а во моментов делови немаат струја. Отежнат е сообраќајот, а проблемот сега е водата за пиење. Уништени биле и неколку училишта во Хонг Конг.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи