ВИДЕО – СДСМ : Фондовите на ЕУ овозможуваат средства за унапредување на спортот

Спортот е поставен високо на пиедесталот на приоритетите на Европската Унија. Со приближување кон ЕУ ќе се овозможат повеќе европски пари за развој на спортот во Македонија. Истакна на денешната прес конференција Гоце Макалоски од ОО СДСМ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Преку ЕУ фондовите, спортот со сите негови елементи ќе ги достигне највисоките професионални стандарди, со што ќе бидеме рамо до рамо со најразвиените европски држави.

 

Фондовите на Европската Унија овозможуваат средства за промоција и унапредување на спортот и спортските организации, преку развивање на спортски туризам и организација на врвни спортски настани од меѓународен карактер, како што се европски и светски првенста.

 

Со станувањето дел од ЕУ, ни се отвара можност за користење на Европскиот социјален фонд и Европскиот фонд за регионален развој, преку кои се поттикнува иницијативи и акции кои промовираат социјална инклузија преку спортот.

 

Со искористувањето на средствата од акцијата спорт од Еразмус+ програмата, се овозможува европски развој на спортот, поттикнување на соработка со спортските организации, јавни институции и другите чинители во спортот.

 

Во тој правец го поздравуваме и системот на финансирање или попознат како ваучерски систем, што го промовира Владата на Република Македонија и Локалните самоуправи, со кој дел од данокот на добивка директно се пренаменува за спортските клубови и федерации.

 

Со тоа значително ќе се зголемат квалитет и финансиската моќ на спортските клубови.

 

За период од 2014-2020 година, преку Еразмус+ програмата, се одделуваат 265 милиони евра за акцијата спорт. По завршувањето на програмата, Европската комисија предлага да се дуплираат средствата.

 

Сето ова носи огромни придобивки за развој на спорот и спортската инфраструктура во Македонија, а се разбира и во спортскиот Прилеп.

 

Почитувани, од сите нас подеднакво зависи иднината на Македонија. Затоа е време да се обединиме и избереме развиена, европска Македонија. На 30-ти септември излегуваме и гласаме ЗА иднината на спортот, за иднината на младите тука во Прилеп и Македонија“, рече Гоце Макалоски од ОО СДСМ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи