Богојески: Го поразивме Груевски, но не и груевизмот во нас

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа го разреши Петар Богојески од функцијата заменик генерален секретар на партијата. Богојески е дел од иницијаторите за реформи во ВМРО ДПМНЕ, а често ги критикуваше политиките на сегашното и претходното лидерство на партијата.

 

Тој и натаму останува да биде член на ВМРО-ДПМНЕ, а како што се наведува од партијата Богојески е сменет поради „непрофесионално вршење на должноста, несовесно извршување на задолженијата и повреда на партиските начела“.

 

Денес на Фејсбук се огласи и самиот Богојески, кој истакна дека го поразиле Груевски, но не и груевизмот во партијата.

 

„Едноставно непомирливи се нашите два концепти, едниот за демократизација, модернизација и европеизација, а другиот за клиентелизација, криминализација и авторитарен кариеризам во ВМРО ДПМНЕ. Невозможно е двата да функционираат заедно, а при тоа да се унапреди работењето на Партијата на принципиелни основи. ВМРО ДПМНЕ во овој момент е целосно на погрешна страна од историјата, тргна во целосно погрешен правец. Се надевам за кратко ќе биде тоа констатирано и ќе биде земен друг тек. Ќе повторам, го поразивме Груевски, но не и груевизмот во нас“, напиша Богојески.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи