Серија А ја прескокна Премиер лигата!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На УЕФА ранг-листата доминираат Шпанците, односно Ла Лига, кои ги освоија последните пет титули во Лигата на шампиони, а главни се и во Лигата на Европа, каде што Севилја и Атлетико триумфираа во последните години.

 

Но, на второто место повеќе не се Англичаните. Лошите настапи во Лигата на шампиони (ЛШ) и незаинтересираноста во Лигата на Европа (ЛЕ) значеа пад. Успесите на Јувентус во ЛШ им помогнаа на Италијанците прво да ги прескокнат Германците, а сега и Англичаните.

 

По четири победи во ова коло во Лигата на шампиони на Јувентус, Рома, Интер и Наполи , а тоа не се случило од 2005 година, Серија А сега има коефициент од 67.740 пред Премиерлигата, која има 67.177, а Германците имаат речиси 62.000.

 

Сезонава Интер го победи Тотнем, Наполи вчера истото го направи против Ливерпул, а на Манчестер јунајтед му следи дуел со Јувентус. Во ЛЕ, Милан почна со победа против Дуделанж, а денеска го пречекува Олимпијакос и сакаат поввторно триумф.

 

Ако се суди според моменталната форма, Серија А полека го враќа загубениот примат во Европа.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи