Апелација ја потврди затворската казна на Груевски за „Тенк“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Скопска апелација ја потврди две годишната затворска казна за експремиерот Никола Груевски во случајот „Тенк“, за набавката на блиндираниот мерцедес од 600.000 евра. Судот ги одби како неосновани жалбите на Груевски и на неговите бранители, и во целост ја потврди пресудата.

 

Ваквата одлука на второстепениот суд следи по еден месец од јавната седница на која се разгледуваа жалбите и приговорите на одбраната, која меѓу другото се жалеше и дека делото против него е застарено уште во февруари. Но иако целосната пресуда се уште не е објавена, потврдувањето на казната значи дека  судиите не ги прифатиле аргументите на Груевски и неговите адвокати. Според СЈО делото застарува на крај на октомври кога и завршуваат дејствијата во обвинението за „Тенк“ со што и оваа пресуда влегува во рамките на тој рок.

 

Од Кривичниот суд информираа дека Груевски е должен доброволно да се јави на издржување на казната затвор.

 

Груевски пак изјави дека станува збор за политички прогон, кажа дека нема да доставува нови докази до Врховниот суд но најави дека ќе ги искористи сите правни лекови кои му стојат на располагање.

 

„Имаше толку докази што нема потреба од нови. Станува збор за класичен политички прогон. Во обвинението пишува дека сум влијаел да се купи возило со цел покрај другите и јас да се возам во него“, изјави Груевски.

 

На екс помошникот за јавни набавки во МВР Ѓоко Поповски, судот казната му ја намали за две години, од шест ипол на четири ипол години затвор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи