ВИДЕО – Уникатно модно шоу од рециклирачки материјали и едукација за селекцијата во градинката „Гоце Делчев“ во Прилеп

По повод Светската недела на детето воспитувачките во градинката „Гоце Делчев“ во Прилеп, во соработка со ЛАГ Агро Лидер и извидничкиот одред „Феникс“ приредија вистинско шоу и едукација за најмладите околу селекцијата на отпадот носејќи облека од рециклирачки материјали. Преку еден забавен и едукативен начин најмладите се запознаа што е тоа селекција и рециклирање на отпадот и што треба тие да прават со ѓубрето.

 

 

 

 

„Ова е Светска недела на детето и градинката „Гоце Делчев“ секоја година активно се вклучува во чествувањето на истата и се трудиме да бидеме малку поразлични и пооригинални. Оваа година како тема ја избравме „Рециклирање“ и покрај активностите што целонеделно ги одработивме, како финална активност ни беше едно фешн шоу од рециклирачки материјали, пропратено со малку глума, за да има биде интересно на дечињата. Активно тука ни се вклучија и младите извидници и не ставија како дел од нивниот проект за рециклирање. Не поддржаа и неколку невладини, откако им се виде дека тоа е добра идеа. Работевме, добро сработивме, се во интерес на дечињата. Главна улога, како и секогаш кај нас, се во центарот на вниманието, сработуваат наставничките, со помош на родителите. Секој костум беше изработен на работилница, на која присуствуваа и родители“, истакна Лидија Стојаноска, воспитувач во градинка „Гоце Делчев“-Прилеп

 

Од ЛАГ Агро лидер истакнаа дека им е особено драго што нивниот проект се поклопил на еден начин со Неделата на детето. И потенцираа дека нема да застанат со овој успешен настан, туку дека ќе продолжат и понатаму со реакизација на нови вакви проекти и активности.

 

„Особено ми е драго за настанот кој што денес се одржа тука во детската градинка, некако активностите се поклопија со нашиот проект, проектот на ЛАГ Агро Лидер и Неделата на детето. Особено ми е драго, исто така да кажам, дека овој успешен настан нема тука застане, туку ќе продолжи и понатаму, се надевам со други проекти и други активности. „ЛАГ Агро Лидер“ го импламентира проектот „Заедно остваруваме“, финаниран од фондација „Отворено општество“, чија што главна цел е покренување на свеста и видливоста на младите и младинските групи, преку социјални акции да го покажат своето постоење, но исто така да направат и нешто добро за заедницата во која што живеат. Оваа активност е поддржана од „Извиднички сојуз“ од Прилеп, кои што се едни од добитниците на социјална акција, во рамките на нашиот проект. Дополнителните акции, се разбира во иднина, ќе бидат понатаму спроведувани и имплементирани“, рече Даниела Цветаноска, ЛАГ Агро Лидер.

 

 

 

 

Од извидничкиот одред „Феникс“ рекоа дека целта на проект била на најмалите да им се вгради навиката за рециклирање и селектирање на отпадот, за понатаму да продолжат и како возрасни личности да се грижат за животната средина и да ја одржуваат екологијата.

 

„Во склоп со неделата на детето, ние извидниците со извидничкиот одред „Феникс“ од Прилеп, заедно со „ЛАГ Агро Лидер“ и заедно со дечињата од градинката „Наша иднина“, „Гоце Делчев“, го ораганизиравме и реализиравме нашиот проект, насловен како „Од ѓубре до уметничко дело“. Целта на нашиот проект е на најмалите да им вградиме навика за рециклирање и селектирање на отпадот, за понатаму да продолжат и како возрасни личности да се грижат за нашата животна средина и да ја одржуваат екологијата. Нашиот проект беше реализиран во три работилници, првата работилница беше за изработка на фустани од различни рециклирачки материјали, заедно со воспитувачките од оваа градинка и заедно со родителите. Втората работилница беше изработка на животни и инсекти од рециклирачки материјали, а третата работилница е мала обука на децата за селектирање и рециклирање на отпадот, како и доближување на извидничкиот живот до самите деца и дека природата е нешто што треба засекогаш да го чуваме“, истакна Ивана Сурлаџиоска, извиднички одред „Феникс“.

 

Инаку освен во ваквите уникатни начини на едукација Прилеп и во основа е лидер во селекцијата на отпад во Македонија. ЈКП „Комуналец“ соопшти дека според извештаите на Министерството за животна средина и Пакомак Прилеп селектирал отпад колку сите други градови во Македонија, вклучувајќи го и Скопје. За разлика од лани селекцијата била зголемена за 10%. Месечно се селектирале над 70 тони хартија, 10 тони пластика и 4 тони најлон кеси.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи