Фото-изложба во Прилеп – „Црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново-ремек дело на византиската уметност во Македонија“

ЗГ Менелај – Прилеп, во соработка со Македонида – Скопје и Институтот за старословенска култура – Прилеп на 12.10.2018 во изложбениот салон на НУЦК Марко Цепенков во Прилеп со почеток во 20:30 часот ја организира фото-изложбата: „Црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново – ремек-дело на византиската уметност во Македонија“.

 

Црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново е подигната во доцниот 12-ти век и претставува еден од најзагадочните споменици на византиското културно наследство, не само во Македонија, туку и на Балканот, воопшто.

 

 

Преку фотографска изложба, ќе им се овозможи на љубителите на ликовната естетика одблизу да се запознаат со мистичната убавина на иконографскиот репертоар на бисерот на византиското наследство во Македонија.

 

 

„Почитувани вљубеници во културното наследство и византиската уметност, ни претставува особена чест да ве поканиме на отворањето на фото-изложбата: „Црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново – ремек-дело на византиската уметност во Македонија“. Позади скромната надворешност и архитектура кои не навестуваат естетски раскош на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново, во нејзината внатрешност се крие токму спротивното. Фрескоживописот во оваа мала црква од преспанското село Курбиново, чие создавање започнало во април 1191, ги отсликува најпрефинетите и највозвишените дострели на византиската сакрална уметност. Појавата на едно вакво сликарство, врз ѕидовите на една архитектонски скромна црквичка, сеуште ги крие причините за своето постоење пред љубопитните истражувачи“, велат од ЗГ Менелај – Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи