Последно предупредување за избегнување на климатска катастрофа

Facebook
Twitter
Email
Print

Земјите ширум светот ќе мора да спроведат „брза“ транзиција „без преседан“ во сите аспекти на општеството за да се избегне катастрофалното ниво на глобалното загревање, предупредува ОН во најновиот извештај.

 

Во извештајот што денес е објавен на Меѓувладиниот панел за климатски промени на Обединетите нации (ИПЦЦ) се наведува дека тоа мора да биде направено за да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови.

 

Во извештајот на 400 страници пишува дека ако загревањето продолжи да расте со сегашното темпо, под влијание на емисиите на гасовите со ефект на стаклена градина, 1,5 степени ќе бидат достигнати помеѓу 2030 и 2052 година.

 

Промените што треба да се спроведат за ограничување на загревањето се однесуваат на енергијата, индустријата и инфраструктурата.

 

Во извештајот, чие резиме е објавено денес за оние кои донесуваат политички одлуки, научниците изложија многу фактори на загревање кои имаат земено замав.

 

„Секое и најмало дополнително загревање е важно, особено затоа што надминатите 1,5 степени можат да значат неповратна промена, како што е губење на некои екосистеми“, изјави Ханс-Ото Пертнер, ко-претседавач на седницата на ИПЦЦ кој минатата недела во Јужна Кореја ги собра истражувачите и претставниците на државите.

 

Тој рече дека истражувањето на ИПЦЦ се заснова на повеќе од 6.000 студии.

 

Доколку државите не се придржуваат до обврските на Парискиот климатски договор од 2015 година, на крајот на векот ќе бидат „плус три степени“, предупредија експертите.

 

Се наведува дека веќе од 2030 година ќе се зголеми ризикот од екстремни суши, шумски пожари, поплави, а со недостаток на храна ќе бидат погодени стотина милиони луѓе.

 

Планета веќе се наоѓа на две третини од патот до овие катастрофални последици.

 

„Ова е загрижувачко, бидејќи знаеме дека ќе има многу проблеми ако дојде до 1,5 степени на глобално загревање. Ќе има топлотни удари, летата ќе бидат топли, ќе се зголеми нивото на морето, а многу делови од светот го чекаат ужасни суши и екстремни дождови“ рече Ендру Кинг, предавач за клима на Универзитетот во Мелбурн.

 

Глобалната емисија на карбон диоксид мора до 2030 година да падне за 45 отсто во однос на нивото од 2010 година и да достигне „нулта точка“ околу 2050 година, за глобалното загревање да се задржи на ниво од 1,5 степени.

 

Во крајот од извештајот се наведува дека обновливите извори на енергија би требало да обезбедат 70 до 85 проценти од снабдувањето со струја до 2050. година во однос на сегашните 25 проценти, за да се остане во границите на затоплување од 1,5 степени Целзиусови. Со користење на технологиите за апсорбирање и складирање на јаглерод, уделот на електричната енергија произведена од гас би требало да се намали на 8,0 проценти, на јаглен под 2,0 проценти. Во извештајот во овој контекст не се споменува нафтата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи