Младите инженери од Македонија примени во европското семејство

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Младите инженери од Асоцијацијата на здруженијата на инженери – Инженерска институција на Македонија станаа полноправна членка на Европската федерација на млади инженери. Членството го официјализираше Советот на Федерацијата на конференција во Малта, која се одржа од 4-ти до 7-ми октомври, каде ИМИ ја презентираше својата работа, како и целите и задачите што ги имаат младите инженери во оваа струкова институција.

 

Делегацијата во Малта ја предводеа претседателот на Инженерската институција на Македонија, професор д-р Христина Спасевска и претставник на младите инженери, магистер Александар Крлески.

 

„Ова е значаен настан за Инженерската институција на Македонија како единствена професионална асоцијација што обединува дваесет здруженија од сите области на инженерството и ги потврдува нашите заложби континуирано да придонесуваме за подобрување на условите за работа и напредување на младите инженери во Македонија. Соочени со нивниот одлив од земјата, членство на нашата организација во Федерацијата ќе овозможи размена на искуства на европско ниво и нивно пренесување државата, со цел да се направат ефикасни политики за нивно задржување во Македонија“, вели професор Спасевска.

 

За Крлески, ова е можност младите инженери од Македонија да комуницираат со повеќе од 250 илјади инженери и студенти од Европа.

 

„Нашето членство во Европската Федерација ќе придонесесо уште 20 други организации  од 17 земји  заеднички да работиме, претставувајќи 250 илјади млади  инженери и студенти, кои веќе се дел оф Федерацијата. Наша цел е преку заедничко дејствување на граѓанско и политичко ниво, да градиме една европска иднина,  разменувајќи го нашето знаење, искуства и култура“, додава Крлески.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи