Поднесено обвинение за педофилот од Прилеп

Прилепското обвинителството поднесе обвинение против педофилот кој нападна дете во кругот на ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп, информираше ОЈО.

 

„По сеофатна истражна постапка и прибирање на доказен материјал, надлежен обвинител до Основниот суд Прилеп поднесе обвинителен акт против едно лице што се гони за сторено кривично дело  Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од чл.188 ст.1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во јули годинава, во парк во кругот на ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп заради задоволување на полови страсти, извршил полови дејствија врз петгодишно дете. По пријава од вработените во здравствениот дом обвинетиот беше лишен од слобода и против него се водеше истражна постапка. За кривичното дело за кое се товари обвинетиот е запретена затворска казна во времетраење од најмалку 12 години“, велат од ОЈО.

 

Во исто време поднесен е и предлог за продолжување на мерката притвор спрема обвинетиот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи