Сонувања за заборавеното – Dreaming of the forgotten – Мултимедијален концертен перформанс во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Mултимедијалниот концертен перформанс „СОНУВАЊА ЗА ЗАБОРАВЕНОТО“, поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија, e проект кој ќе се случи во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“ 2018 година. Перформансот ќе се одржи на 15 октомври 2018г. во 20h во кино Мис Стон – Прилеп, а е базиран врз комбинација на повеќе музички стилови, во кои доминира изведба на класична „западна“ музика од 17 и 18 век, кон која како еден можен контрапункт ќе бидат вклучени нејзините источни „паралели“, потипични за поднебјето кое не’ oпкружува, а тоа се традиционални стилови на пеење (изворно, византиско пеење). Целата слика ќе биде надополнета и збогатена со визуелен перформанс.


Учесници: 


Aна Митоска Стојаноска – сопран

Верица Шотаровска – пијано

Катерина Попоска – мецосопран

Бојана Артиновска – Трпческа – визуелен перформанс

Гоце Секулоски – труба, вокал (изворни и византиски напеви)

Денис Најдоски – пијано, вокал (исон – изворни и византиски напеви)

Димитар Ѓорѓиевски – режисер

Милан Секулоски – наратор, актер

Томе Темелкоски, Саша Нацевски – техничка и визуелна реализација

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи