Вооружен напад во школо во Крим

Facebook
Twitter
Email
Print

Најмалку 18 луѓе се убиени, а десетици се повредени во нападот што се случи во Политехничката школа во Крим, откако лице изврши напад со користење на пиштол и домашна бомба.

 

Неколку сведоци го опишаа вооружениот напаѓач кој шетал низ ходниците на факултетот и пукал кон учениците и професорите пред да ја активира бомбата во кафетеријата. Нападот со автоматско оружје го извел еден 18-годишен ученик, идентификуван како Владислав Росљаков, кој потоа извршил самоубиство. 

 

Од руската национална гарда прво кажаа дека ова е намерен терористички чин, за потоа да го преименуваат нападот во масовно убиство.

 

Повеќето од жртвите во нападот се ученици. Голем број од нив се превезени во локалната болница. Четири воени авиони се подготвени за транспорт на повредените во воени болници, ако има потреба од тоа“, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

 

Сергеј Аксјонов, лидерот на Крим, изјави дека ситуацијата сега е мирна.

 

Нападот се случи во градот Керч, кој е влезна точка за нов 19 километарски мост кој го поврзува Крим со Русија. Локацијата ќе добие зголемени контроли од руските власти, кои веќе се загрижени за терористички напади. Крим беше припоен кон Русија од Украина во 2014 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи