Белград добива автобус во кој бездомниците ќе можат да се искапат, потстрижат, да си ја исперaт облеката

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Наскоро во Белград ќе почне да кружи автобус кој барем малку ќе им го олесни животот на сите луѓе што живеат на улица.

 

„ДрумоДом“ наскоро почнува со работа (по една година подготовки). Ќе биде наменет за сите во Белград што се без дом. Станува збор за адаптиран автобус кој ќе ги посетува местата каде што престојуваат овие наши сограѓани и ќе им обезбеди бесплатно туширање, тоалет, потстрижување, перење на облеката и можност за разговор. Заедно ќе бараме трајни решенија. „ДрумоДом“ ќе биде наш проект, проект на сите луѓе што сакаат да ги поддржат овие наши сограѓани и сограѓанки“, стои во објавата на фејсбук-страницата на „ДрумоДом“.

 

Градските власти на Сан Франциско воведоа иста ваква услуга пред неколку години. Тамошниот автобус трипати неделно застанува во центарот на градот за да можат бездомниците бесплатно да се искапат. Проектот започна откако преку интернет-кампања беа собрани 75.000 долари за обнова на постар автобус. Компанијата „Гугл“ донира дополнителни 100.000 долари.

 

Се проценува дека на територијата на градот Белград има меѓу 3.000 и 5.000 бездомници, од кои 1.000 се малолетници. Зад акцијата „ДрумоДом“ стои фондацијата „Адра“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи