Кина ќе лансира вештачка месечина која ќе осветлува цел град

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Кина ќе лансира вештачка месечина во Вселената која ќе го осветлува еден од најголемите градови во земјата, 14-милионскиот Ченгду, во провинцијата Сечуан.

 

Предвидувањата говорат дека сателитот ќе биде поставен во Земјината орбита до 2020 година. Телото ќе има функција да ја рефлектира сончевата светлина и навечер, со цел потполно да ги замени уличните светилки. Тоа би значело и поевтин извор на енергија, објави „Телеграф“.

 

Во 1999 година, руски научници имаа сличен нацрт-проект за Сибир, но тој не беше реализиран.

 

Кинескиот Институт за воздухопловна и вселенска наука и технологија, засега не открива колку овој проект ќе чини.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи