ВИДЕО – „Цвет во аманет“ – првата збирка поезија на Андриана Ристеска

Поетесата Андриана Ристеска вечерва во „Арт кафе“ во Прилеп ја промовираше својата прва збирка поезија, насловена како „Цвет во аманет“. Ристеска вели дека поезија пишува од мали нозе, а овие творби за книгата „Цвет во аманет“, кои биле 65 на број, биле создадени во изминативе 2 години.

 

„Многу сум среќна што за прв пат промовирам моја книга, збирка поезија. Јас пишувам од најмала возраст, меѓутоа дури сега собрав храброст да се разголам пред јавноста, затоа што пишувањето на поезија е вистинско разголување. Душата се претставува на јавноста. Најскриените емоции исто така и се претставуваат на јавноста. Книгата е многу успешна и веќе е наградена од издавачката куќа „Нова“. Моја вечна инспирација е љубовта во сите нејзини облици. Љубовта кон саканиот, кон семејството, кон децата, родителите, татковината, значи кон сите видови на љубов. Бидејќи имам многу материјал сигурно наскоро ќе има и други збирки на поезија“, изјави Андриана Ристеска, поетеса.

 

 

 

Рецензент на книгата е Иле Наумов, промотор Цеца Видова Трајческа, а настанот го водеше Каролина Мицеска. Творбите ги рецитираа Блага Тутеска, Мирјанка Ристеска Селчанец и група ученици од гимназија „Мирче Ацев“.

 

 

ВИДЕО ОД ДЕЛ ОД АТМОСФЕРАТА ОД ПРОМОЦИЈАТА НА КНИГАТА „ЦВЕТ ВО АМАНЕТ“ :

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи