ВИДЕО – Доделени наградите „3 Ноември“ по повод Денот на ослободувањето на Прилеп

Синоќа во Центарот за култура Марко Цепенков во Прилеп се одржа свечената седница на Советот на Општина Прилеп на која што беа доделени наградите „3 Ноември“ по повод Денот на ослободувањето на Прилеп. Наградата за животно дело Златна плакета годинава замина во рацете на дуетот Кевсер Селимова-Ѓорѓи Желчески. Наградата им се додели за достигнувања во промоција на македонската музика во светот. Покрај наградата за животно дело, се доделија и 5 плакети и 8 дипломи.

 

 

 

Со Третоноемвриски плакети се наградија:

 

  • Прилепскиот „Ротари клуб“, за придонес во заедницата со изразено хуманитарна активност;
  • Здружението „Ромска солза“, за посебен придонес кон општествениот интегритет на ромската заедница и другите маргинализирани групи;
  • „Центар за современа ликовна уметност“, за шестдецениското уметничко творештво и промоција на Прилеп низ делата на уметниците во земјата и странство;
  • Џудо клубот „Сеишин“, за достигнувања во областа на спортот и 15 годишнината од неговото постоење;
  • ПСЗ „Козјак“, кој 80 години придонесува во развојот на планинарството и планинарските спортови.

 

 

Добитници на Третоноемвриски дипломи се:

 

  • Рубин Белчески, за неговиот општествен ангажман во областа на историјата;
  • Владо Ѓорѓиески, за посебни достигнувања во медицината;
  • Димитрија Чучуроски, за посебен ангажман во занаетчиството и за одржувањето на Саат кулата;
  • Сузана Николоска, за достигнувања во областа на образованието и добиената награда за наставник на годината;
  • Драгомир Михајлоски-Пижа, за неговото творештво во областа на ликовната уметност;
  • Теодора Ристеска, за постигнувања во џудо спортот и освоените 15 медали во текот на последната година;
  • Снежана Паноска, за достигнувања во областа на литературата и пишаниот збор и објавените 3 збирки со поезија;
  • Валентина Пурдеска, за постигнатите резултати во карате спортот во последната година и во спремањето на кадри повеќе години наназад.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи