Германска Амбасада: Не е точно дека од јануари во Германија ќе може да се работи без работна виза

Facebook
Twitter
Email
Print

Не е точно дека од 1 јануари 2019 година во Германија ќе може да се работи без соодветна виза, соопшти Германската амбасада во Скопје по повод низата лажни вести што во последно време се објавуваат во медиумите во врска со постапката за работна виза.

 

„Известувањата за нов закон што ќе влезе во сила од 1 јануари 2019 и на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи да се вработат во некоја ЕУ-држава под истите услови како граѓаните на земјите-членки на ЕУ, не се точни“, соопштува Германската амбасада, пренесе СДК.

 

Од таму велат дека „на граѓаните на земјите што не се членки на ЕУ потребна им е како досега, така и по 1 јануари, валидна работна виза во Германија“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи