ВИДЕО – И прилепските бранители бараат Општина Прилеп да ги ослободи од плаќање на комунални давачки

По примерот на Општина Сарај која ги ослободи од комуналии припадниците на ОНА и прилепските бранители бараат Општина Прилеп да ги ослободи од плаќање на комуналните давачки. Советникот и бранител Гоце Стефаноски ова прашање ќе го поставел на наредната седница на Советот на Општина Прилеп. Бранителите се револтирани од долгогодишниот несоодветен третман кон нив од страна на државата, а последната одлука на Општина Сарај ја прелила чашата.

 

 

„Воопшто не не почиитуваат како бранители како личности кои навистина се заложиле за подобро општество и подобро утре. Не исмеваат на улица и не прашуваат : Зошто се боревте Вие ? Зошто Вие бевте во одбрана на државата, за да сега шетате по улици“, вели Цане Тодороски, поранешен бранител.

 

Велат дека тие кои во 2001 година биле против Македонија сега имаат далеку поголеми права од нив. Се уште дел од бранителите се невработени и живеат во сиромаштија.

 

„Ако не плажам данок, ова она, јас со тиие парии ќе си купам леб. Јас сум невработен иако бев бранител во 2001 година. И мислам дека не е во ред јас да трпам за леб, а некој да не знае што да правии со парите“, рече Тони Јосифоски, поранешен бранител.

 

Бранителите истакнаа дека ова барање ќе биде повод повторно на дневен ред да ги постават нивните други долгогодишни барања како што е неослободувањето од плаќање на здравствените услуги.

 

„Во последниов период се јавуваат големи здравствени проблеми кај бранителите како последица од поствоен синдром. Тое се воени стресови, кој ги чувствува порано, кој подоцна. А од страна на државното здравство немаме никакво ослободување“,  истакна Гоце Стефаноски, поранешен бранител и советник.

 

Од Општина Прилеп во моментов немаат став околу ова најново барање на бранителите, велат дека почекаат тоа офиицијално да биде доставено до Советот на Општина Прилеп, па потоа да биде и разгледано.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи