Заврши конзервацијата на жртвеникот во Стибера

На античкиот локалитет Стибера кај Прилеп заврши конзервацијата на жртвеникот кој потекнува од 1 или 2 век од н.е. и за кој се уште не е откриено на кој Бог бил посветен. Репрезентативниот објект изграден од мермер беше откриен во 2014 година и е прв од ваков тип откриен во Стибера. Проектот конзервација на жртвеник во Стибера е дел од програмата на Завод за заштита на споменици и музеј Прилеп финансиран од миинистерството за култура на РМ.

 

Се работи за објект кој во основа е 5 на 5 метри. На чија основа има фино делкани мермерни блокови од бел мермер, кои достигнуваат тежина и до 1,5 тони. Тие меѓусебно се поврзани со лиено оловна фуга која што е зажлебена во камените блокови. Археолозите и архитектите направија и графичка реконструкција на објектот врз основа на елементите кои ги имаат пронајдено со археолошките ископувања и стручната литература која што им била на располагање.

 

Целта на конзервацијата е пред се да се заштити културното наследство. Овој објект од акрополата или центарот на Стибера каде сега се наоѓаат главните наоди се наоѓа на 600 до 700 метри.

 

ГАЛЕРИЈА КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ПРОЦЕСОТ НА КОНЗЕРВАЦИЈА НА ЖРТВЕНИКОТ И ПРОСТОРОТ ОКОЛУ НЕГО 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи