Хаос во Мелбурн, маж со нож уби едно лице и повреди уште тројца пред да биде застрелан од полицијата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Едно лице е убиено, а три се повредени откако со нож на улица во Мелбурн ги избоде засега неидентификуван напаѓач. Според австралиските медиуми, полицијата била повикана поради пожар на автомобил, а по пристигнувањето на местото на настанот затекнале манијак со нож кој, наводно, го запалил автомобилот.

Тој ги нападнал полицајците кои потоа го застрелале. Пренесен е во болница во критична состојба, по што им подлегнал на повредите.

 

Подоцна беше потврдено дека напаѓачот бил застрелан во градите, додека неколку други се третираат за убодни рани. Службата за брза помош соопшти дека на лице место се третирани тројца повредени лица.

 

Според полицијата, нападот ќе се истражува како терористички инцидент.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи