Груевски останува пратеник – Собранието не изгласа одземање на мандатот

Facebook
Twitter
Email
Print

И покрај правосилната судска пресуда, собранието не собра двотретинско мнозинство за одземање на мандатот на поранешниот премиер и актуелен пратеник Никола Груевски, откако предмалку, без никаква дискусија, 58 пратеници гласаа „за“, а 29 гласаа „против“. За да му се одземе пратеничкиот мандат требаше најмалку  80 пратеници да гласаат „за“.

 

Комисијата за мандатно имунитетни прашања пред два дена му препорача на Собранието да му го одеземе мандатот на Груевски, откако Судот достави допис до Собранието дека пратеникот е осуден на двегодишна затворска казна за „Тенк“.

 

Пратениците од парламентарното мнозинство сметаа дека затворската казна на Груевски го прави недостоен за врешење на пратеничката функција. Против гласаа и пратениците од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ.

 

Пратеничкиот мандат сепак не го заштитува Груевски од издржувањето на затворската казна. Неговото отсуство од Собранието ќе се смета за оправдано и тој ќе добива пратеничка плата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи