Европската Комисија со намалена прогнозата за раст на македонската економија

Facebook
Twitter
Email
Print

Најновата прогноза на Европската Комисија за растот на македонската економија за годинава е проектирана на 2,1 отсто. Во однос на проекцијата од мај годинава има намалување од еден отсто , кога ЕК прогнозираше раст на економијата од 3,1 процент.

 

Во есенскиот извештај на ЕК за економиите на земјите членки на ЕУ и државите кандидати, се надедува дека следната година економијата на земјава ќе порасне за 2,8 отсто, а во 2020 година растот ќе изнесува 3,1 процент. Главни ризици и натаму се политичката состојба, но и нивото на инвестиции. Очекувањата од ЕК се и натаму да се зголемува извозот , да расте стапката на вработеност, но да има и подобрување во однос на висината на платите.

 

Во однос на јавните финансии ЕК забележува дека има зголемување на даноци и очекува буџетскиот дефицит да остане на планираното ниво, а до 2021 година да биде сведено на два отсто.

 

Понатаму, во извештајот се вели дека јавниот долг е планирано да продолжи да расте.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи