Mинистерството за здравство со план приватна фирма да раководи со и Брза помош Домашна посета

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Mинистерството за здравство распиша тендер за јавно-приватно партнерство за Домашна посета и Брза помош. Велат дека се бара начин како да се поправи лошата состојба во која се наоѓаат овие две служби.

 

„ Во моментот бараме начини како да ја подобриме ситуацијата. Конкретно моделот на јавно приватно партнерство за брза помош функционира во Италија. Од тие причини решивме да направиме физибилити студија за да ги испитаме можностите ја ЈПП во брзата помош во Македонија. Физибилити студијата ќе покаже дали ќе биде тој модел можен и кај нас“, велат од кабинетот на министерот Филипче.

 

Лекарите се збунети и не знаат што ќе донесе новиот модел на стопанисување со брзата помош, но секако се за тоа да има јавна дебата на оваа тема. Како тоа ќе се одрази на пациентите, како ќе биде уредено, дали тие ќе плаќаат дополнителни услуги во брзата помош, ќе треба да одговори Министерството за здравство.

 

Рокот на тендерот за изработка на физибилити студија за оправданоста приватниот сектор да ја финансира и да стопанисува со Брзата помош и со Домашната посета преку јавно приватно партнерство истекува на 14 ноември.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи