Груевски тврди дека избегал во Унгарија – МВР уверува дека не ги поминал границите

Facebook
Twitter
Email
Print

Поранешниот премиер по четиридневен молк и бегство се огласи на социјалната мрежа „Фејсбук“ и порача дека се наоѓа во Будимпешта каде побарал политички азил.

 

Засега нема потврда за автентичноста на пораката односно дали профилот на Груевски е хакиран или тој самиот ја напишал пораката во која е наведено дека во последните неколку денови имал закани по животот.

 

„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти“, пишува на Фејсбук-страницата на Груевски.

 

МВР по објавата на екс премиерот на социјалните мрежи дека побарал азил во Унгарија информира дека Груевски не ја поминал границата на Македонија на ниту еден од легалните премини. Полицијата се уште истражува и дали пораката на социјалните мрежи ја напишал Груевски и дали таа е вистинита или има за цел да ја дефокусира потрагата.

 

Груевски беше правосилно осуден на двегодишна затворска казна во случајот „Тенк“ за набавката на луксузен Мерцедес вреден 570 илјади евра. Од вчера македонската полиција го бара со потерница затоа што тој не се јави на издржување на затворската казна.

 

Груевски, кој беше премиер од 2006 до 2017 година, е обвинет и во уште четири други случаи кои ги води Специјалното јавно обвинителство.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи