ОЈО отвори истрага за бегството на Груевски

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги информациите во врска со бегството на осудениот Никола Груевски како и написите на медиумите и интересот на јавноста, оформи предмет по допрен глас.

 

„Следејќи ги информациите во врска со бегството на осудениот Н.Г., како и написите на медиумите и интересот на јавноста, оформи предмет по допрен глас. Во врска со настанот постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Република Македонија. Предметот е доделен на надлежен обвинител и во рамки на предистражната постапка  издадени се Наредби за прибирање податоци поврзани со настанот“ се вели во соопштението.

 

Портпаролот на владата Миле Бошњаковски денеска информира дека внатрешната контрола на МВР веќе започнала со испитување на евентуална вклученост на претставници од полицијата во планот за бегство на Груевски. МВР истражува на кој начин Груевски ја напуштил Македонија, како и дали имал надворешни помагатели.

 

На денешната прес-конференција, тој рече дека Министерството за правда ја собира потребната документацијата за екстрадиција на Груевски од Унгарија. Потоа таа документација ќе треба да се преведе на унгарски јазик и да им биде доставена на релевантните институции на Унгарија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи