ВИДЕО – Започна откупот на тутунот, тутунарите бараат повисоки цени од лани

На 195 откупни пунктови денеска официјално започна откупот на тутунот во Македонија. За ова реколта засадени биле 14.802 хектари со тутун, а склучени биле 34.104 договори со 9-те откупувачи. Тутунарите годинава очекуваат да има околу 23 милиони килограми тутун, за 6 милиони помалку од побарувањата на откупувачите. Се очекува просечната цена да биде повисока од лани, односно над 217 денари за килограм.

 

 

„Задоволни сме засега, во првото е супер. Очекуваме цената да биде повисока од лани“, рече еде тутунопроизводиител.

 

„Очекувам повисока цена од лани, но само едно не ми се допаѓа. Земаат кало 7%. Замислете на тутун прва класа да вии земат 7%“, кажа друг тутунопроизводител.

 

„Тутунот е евтин, гледам тројката 150 денари е. Треба најмалку по 200 денари да е тројката“, кажа друг тутунопроизводител.

 

Министерот за земјоделство кој денеска го посету Тутунскиот Комбинат во Прилеп истакна дека очекува стабилен и сугурен откуп на тутун. Според него зголемените субвенции 80 денари за прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета и останатите класи придонесле годинава да има 4.700 договори повеќе од лани, а засадени биле повеќе и 400 хектари. Од 2019 ќе се започнело со проектот на укинување на евидентните листови. Кој ќе започнел како пилот проект в година, а целосно ќе се имплементирал во 2020-та.

 

„Сето ова ќе значи и намалени административни процедури и намалени административни маки на тутунопроизводителите, кои треба да се насочат, согласно новиот модел на субвенционирање, на производството. Да имаме квалитетен тутун за да се добијат повеќе субвенции, за да имаме повисок извоз и повисок девизен прилив од оваа стратешка гранка за државата“, истакна Љупчо Николоски, министер за земјоделство.

 

И од сојузот на тутунарски здруженија очекуваат добри цени оваа година и да нема манипулации од страна на откупувачите.

 

„ Очекуваме пред се реален откуп на тутун, без да имаме ситуација каде откупувачите може да манипулираат, бидејќи на секој откупен пункт, на секоја вага имаме поставено повереници“, рече Перо Стојкоски, член на Сојузот на тутунарски здруженија.

 

Поради тоа што има помалку тутун од побарувањата се очекува да има вистинска битка помеѓу откупувачите кој да откупи повеќе.

 

„ Плаќањето ќе биде на 3 дена по откупената количина. Комбинатот е спремен, како финансиски, така и организационо да го превземе родот од оваа година. На 24 пункта ќе работиме, со 34 ваги“, изјави Кире Станкоски, директор на Тутунски Комбинат Прилеп.

 

Од инспекторатот велат дека се било подготвено за откупот на годинешната реколта.

 

„Од 9-те контролирани компании, 8 ги исполнуваат сите услови. Една нема обезбедено, Мисеријан од Струмица ги нема обезбедено средствата за откупот. Нив им е даден рок до 15 декември да ги обезбедат сите средства“, рече Благој Индов, директор на државен инспекторат.

 

Од тутунот се остваруваат 100 милиони евра девизен прилив, а од него во Македонија егзистираат 23.000 семејства.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи