ВИДЕО – Матичните лекари од Прилеп на протест поради строгата казнена политика на Фондот

Матичните лекари од Прилеп денеска со мирен протест пред ФЗОМ го изразија своето незадоволство од предлог договорите на Фондот и строгата казнена политика. Лекарите истакнаа дека токму поради тој систем на казни во изминативе 10 години огромен број на нивни колеги заминале да работат во странство. Велат невозможно било повеќе да се работи со толку високи казни.

 

 

„Со она што последно ни беше понудено од страна на Фондот за здравствено осигурување, значи казните се однесуваат на целосна капитација. Многу пати во јавност се меша плата на лекар со капитација. Капитацијата значи буџет, тоа е буџет со кој располага здравствената установа и сега во текот на еден месец доколку се случи казна од таков тип, тогаш како би работела здравствената установа“, д-р Билјана Зајкоска Трајкоска, матичен лекар.

 

Лекарите потенцираа дека примарната заштита е основен фундамент на целокупното здравство и државата доколку сакала да го задржии лекарите дома, морала под итно да го смени односот кон нив.

 

„Морам да нагласам дека заинтересираноста на младите лекари, да дојдат да работат во примарна здравствена заштита е многу мала, скоро никаква. Повеќето од колегите, како што и сами знаете последниве години заминуваат во странство. Тука треба да се земе во предвид дека изминативе години од Македонија не се иселуваат само лекари, туку и жителите на оваа држава. Со оглед на тоа дека ние сме по број на пациенти, капитацијата која ја добиваме се намалува“, додаде Билјана Зајкоска Трајкоска, матичен лекар.

 

Лекарите изјавија дека доколку не се исполнат овие нивни барања тие немало да ги потпишат договорите кои ќе ги достави Фондот. Претходно вакви протести матичните лекари одржаа во уште неколку градови во Македонија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи