Трошани: Унгарија не може да го екстрадира Груевски

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Унгарскиот министер за правда Ласло Трошани, во изјава за унгарската телевизија ехо, рекол дека Груевски не може да биде екстрадиран во Македонија откако доби азил во Унгарија. Трошани додал дека Груевски е жртва на прогон и оти на еден поранешен премиер „нема да му биде лесно ако биде ставен во затвор“.

 

Трошани тврди дека Унгарија не може да го екстрадира Груевски во Македонија бидејќи тој добил азил врз основа на неговите укажувања дека против него се водат фабрикувани судски постапки. Според него, Канцеларијата за имиграција и бегалци донела одлука по темелна истрага и утврдила дека македонскиот експремиер со право се плашел за својот живот.

 

Министерот за правда потврди дека Никола Груевски има право да побара патни документи и потоа е слободен да патува како и секој друг граѓанин.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи