145 китови се насукале на брегот на плажа во Нов Зеланд

Facebook
Twitter
Email
Print

Група од 145 китови загинаа откако беа насукани на брегот на островот Стјуарт, во Нов Зеланд. Животните биле откриени од страна на лице кое се шетало по плажата Масон Беј.

 

Властите велат дека половина од китовите веќе биле умрени, а другата половина биле повлечени, но било премногу тешко да ги спасат.

 

„За жал, можноста за успешно пливање на преостанатите китови беше исклучително ниска. Оддалечената локација, недостатокот на персоналот во близина и влошената здравствена состојба на китовите значеше дека најхуманото нешто е да се еутанизираат. Сепак, секогаш тоа е одлука што го крши срцето”, се вели во соопштението на Регионалниот оддел за конзервација (ДОЦ).

 

Од Регионалниот оддел соопштија дека насукувањата на китовите на брегот не се невообичаени во Нов Зеланд и дека има околу 85 инциденти годишно. Во повеќето случаи, сепак, се работи за само едно животно пронајдено на плажите, а не за цела плажа со китови.

 

Не е целосно познато зошто китовите или делфини се наскукуваат на брегот. Можни причини може да бидат болест, навигациски грешки, плимата или бегање од некој предатор.

 

Исто така, во текот на викендот, 12 китови беа пронајдени заробени во северниот дел на Северниот остров. Четири од нив починале.

 

Постојат надежи дека преостанатите осум се уште можат да бидат спасени од страна на локалните добротворни организации од каде велат дека планираат повторно да ги пуштат китовите во водата во вторник, барајќи волонтери за да им помогнат. На уште една плажа во Нов Зеланд, во саботата наутро почина 15 метри долг кит.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи