ВИДЕО – Катастрофално : Лани 22,2 % од граѓаните во Македонија живееле во сиромаштија

Скоро една четвртина од граѓаните во Македонија живеат во сиромаштија. Ова се најновите податоци на Државниот завод за статистика според кого лани 22,2% од населението живело во сиромаштија, односно со помалку од 7.000 денари месечен приход. Од Македонска платформа за борба против сиромаштија велат дека оваа слика со сиромаштиијата е очајна и бараат итна реакција на државата и имплементација на 17-те глобалните цели за одржлив развој утврдени од ОН на светско ниво.

 

 

„Ние веќе подолго време инсистираме дека во Македонија недостигаат 2 клучни работи, а е даљ се гарантираат фиинансиската безбедност на граѓаните. Значии не социјална помош од 30 евра туку вистинска квалитетна поддршка и второ сет на услуги кои што ќе им помогнат во надминување на секојдневните предизвици. Значи во образованието не може да очекувате децата кои живеат во вонредни услови, во очајни услови да покажуваат добри резултати на училиште. Затоа покрај финансиската поддршка за семејството потребно е да се има социјални услуги кои ќе подразбираат квалитетно образование и дополнителна помош и поддршка во совладување на предметите и се она што го бара образовниот процес“, истакна Билјана Дуковска, претседателка на Македонска платформа за борба против сиромаштија.

 

Жално е тоа што исто така голем е процентот на населението кое живее малку над оваа граница од 7.000 денари месечен приход. Кои немаат воопшто квалитетен жиивот, но според статистика не се во графата на сиромаштија. Иако нема официјално податоци за оваа година сликата воопшто не е подобра. Оваа состојба денеска беше претставена пред голем број НВО од Прилеп.

 

„Она што ние го работиме како Фонд за население на ОН подобрување на базите на податоци со кои што ќе можат подобро да се разберат причините зошто некој дел од населението живее во одредении услови кои се сите тие фактори кои влијаат врз сиромаштијата и поврзаноста на различните ризик фактори. Таквото подобрување на податоците секако дека е во соработка со државнииот завод за статистика, меѓутоа и другите податоци. Ние се соочуваме со слаби здравствении услуги каде што го поддржуваме Министерството за здравство да ги подбри услугите во однос на жените на родилките во родилиштата каде што еден дел секако иима влијание и врз целокупната благосостојба. На многу фактори треба да се влијае за да се има успех понатаму и одржлив развој до 2030 година“, рече Соња Таневска, помошник  претставник на канцеларија на Фондот за население на ОН.

 

За намалување на сиромаштијата особено било важно работењето на локално ниво и соработката со локалните инстиитуции и НВО секторот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи