Лукашевич: Договорот од Преспа ќе оди пред СБ на ОН

Facebook
Twitter
Email
Print

Рускиот амбасадор во ОБСЕ Александар Лукашевич со серија твитови ги коментира политичките случувања во Македонија, ги обвинува западните земји за мешање во внатрешните работи на земјата и го повторува порано искажаниот став на Москва дека Договорот од Преспа треба да биде разгледан во Советот за безбедност на ОН.

 

„Евентуалниот конечен договор, во согласност со став 3 од Резолуцијата 845 на Советот за безбедност на ОН, ќе биде разгледан од Советот за безбедност на ОН“, наведува Лукашевич во твитовите што ги пренесува и Руската амбасада во Скопје.

 

 

Во контекст на политичките случувања, Лукашевич вели дека „мешањето на САД и другите западни земји во внатрешните работи на Македонија предизвика повторно враќање на акутната политичка криза во земјата која не е надмината повеќе од три години”.

 

„Јавната доверба во институциите и демократските процедури во Македонија се поткопани. Референдумската алатка и праламентарната процедура беа дискредитирани. Прогонот на оние кои не се согласуваат со политиките на владата на Македонија се интензивираат. Продолжува невидениот притисок врз претседателот на државата, а се појавија и информации дека телефоните во неговиата канцеларија се прислушуваат“, наведува рускиот амбасадор во пораките на Твитер.

 

Серијата пораки ги завршува со оценка дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје има важна улога во поддршката на процесот на хармонизација на меѓуетничките односи, зајакнување на разбирањето меѓу националните заедници како основа за одржување на стабилноста и безбедноста во согласност со одредбите од Охридскиот рамковен договор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи