Запознајте ја Никерс, австралиската џиновска крава што предизвика воодушевување на интернет

Џиновската крава Никерс, која живее во западна Австралија, стана многу популарна на интернет поради нејзината големина. Со своите 1.400 килограми и висина од 194 сантиметри, Никерс е само малку помала од светскиот рекордер Белина, која живее во Италија.

 

Поради тоа, Никерс стана тема на разговор низ светот преку социјалните мрежи, Би-Би-Си, Си-Ен-Ен, Ју-Ес-Еј, „Дејли Мирор“ и други.

 

„Ова излезе од контрола. Не сум очекувал дека толку ќе се прочуе. Изминатите денови телефонот ми ѕвонеше на секои 10 минути“, рекол Џеф Пирсон за „Гардијан“.

 

За славата на Никерс придонела и сопругата на познатиот пејач Џон Леџенд, американската манекенка Криси Тајген, која има армија следбеници на социјалните мрежи, а која исто така е фасцинирана од џиновската крава.

 

Нејзиниот сопственик Џеф Пирсон пробал да ја продаде на аукција минатиот месец, но преработувачите на месо одбиле да ја купат поради нејзината големина.

 

Како што вели тој, Никерс отсекогаш била поголема од останатите, нo тие никогаш не помислиле дека може да ги достигне овие размери. Пирсон верува дека ова животно ќе живее уште неколку годни и вели дека тоа е омилено помеѓу останатите во стадото.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи