Порошенко бара НАТО да испрати воени бродови во Азовското Море – Алијансата соопшти дека веќе во голема мера е присутна

Facebook
Twitter
Email
Print

Украинскиот претседател Петро Порошенко бара сојузниците на НАТО да испратат воени бродови во Азовското Море за да и` помогнат на Украина, како и да ја зголемат безбедноста по тензиите со Русија. Реакциите на Порошенко денес беа објавени во германскиот весник „Билд“.

 

Алијансата пак соопшти дека веќе во голема мера е присутна во областа на Црното Море. Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску рече дека бродови на Алијансата рутински патролираат и спроведуваат вежби во Црното Море, истакнувајќи дека нивните бродови таму годинава поминале 120 денови, во однос на 80 денови во 2017.

 

„НАТО веќе има доволно во Црното Море, и ќе продолжиме да го проценуваме нашето присуство во регионот“, подвлече таа.

 

Луганску рече дека неколку сојузници на НАТО спровеле воздушни и извиднички летови во регионот, истакнувајќи дека членките на Алијансата – Бугарија, Романија и Турција излегуваат на Црно море и имаат сопствена воена опрема која е таму распоредена.

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пак, рече дека би можел да преземе улога на медијатор помеѓу Украина и Русија.

 

Тој телефонски разговарал со лидерите од двете страни, и најави дека ќе ја продолжи дискусијата со рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, на Самитот Г-20 во Аргентина.

 

Руските сили запленија три украински бродови, велејќи дека нелегално влегле во водите на руска територија, додека специјалниот претставник на САД во Украина Курт Вокер изјави оти му верува на Киев дека бродовите ги почитувале правилата на движење.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи