ВИДЕО – Во 2018 година тројца прилепчани заболени од ХИВ

Досега на ниво на Република Македонија се регистрирани 400 случаи на заболени од ХИВ, од кои 86% се од машки пол, а само 14% се од женски пол. Во 2018 година има регистрирано 41 случај на заболен од ХИВ и во последните 2 години сите заболени се од машки пол. Кога се зборува комулативно, 99 луѓе на Република Македонија починале од болести што се поврзани со ХИВ. Денес е 1 Декември ден за борба против ХИВ.

 

 

„Кога зборуваме за нашиот град, почнувајќи од 1991 година кога е регистриран првиот случај на заболен од ХИВ, досега се официјално регистрирани 20 случаи, од кои 5 во 2016 година, а по тројца во 2017 и 2018 година. Во последните две години сите заболени се од машки пол. Ние како Центар за јавно здравје  вршиме континуирана едукација на населението за нивното однесување во врска со оваа болест, пред се преку предавања што се одвиваат во школите, кои ќе ги имаме во текот на цел месец декември во сите средни школи. Секако и постојано информирање на медиумите, што е и целта на овој Светски ден за заштита од сидата, да ги повикаме сите лидери на земјите да обрнат внимание во собирањето на средства за лекување на оваа болест и секако да се подигне свеста кај младите, затоа што младите се најризичната група. Тие влегуваат во ризични сексуални однесувања, пред се поради нивното чувство на несигурност, на неинформираноста. Затоа ги повикувам сите млади од овој град, во просториите на Центарот за јавно здравје веќе 20 години постои советувалиште за ХИВ. Може слободно секој што сака, анонимно, доверливо, бесплатно и безболно да изврши испитување на овој тест“, истакна Драгица Николоска, в.д. директор на Центар за Јавно здравје Прилеп.

 

Преваленцата во Република Македонија е ниска, но сепак треба постојано да се работи на подигање на свеста како и на превентивната заштита на населението.

 

„Мислам дека дојдено е времето кога сите ние како граѓани и како општество сме доста време запознати околу оваа опасна болест. Жалосно е што се уште нема вакцина против оваа болест или било каков лек кој би бил потребен и кој би ја сузбијал оваа болест. За жал останува само единствено на превенција, превентивата што треба да ја направиме за да се заштитиме од оваа болест. Ние сме спремни како општество за превенцијата, да делуваме колку што можеме повеќе, затоа што ако тоа не го направиме, оваа болест може да завземи многу позначајно место и да има уште поголем проблем во нашето општество“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи