ВИДЕО – Прилеп високо котира во однос на насилството врз жените во Македонија

Прилеп е еден од градовите во Македонија со најголем број евидентирани жртви на семејно насилство врз жените. За 2018 година регистрирани се 365 случаи од страна на Центарот за социјална работа, исто како и лани, практично секој ден во годината по еден случај. Но за разлика од 2017 оваа година застрашувачки е фактот што голем број од овие случаи се рецидиви на семејното насилство, застарени случаи кои повторно се активирале. Освен жените жртви на семејно насилство се и мажите, децата и старите лица. Се стравува дека бројката е далеку поголема бидејќи се уште има жени кои не го пријавуваат насилството.

 

 

„Големиот дел на мажи кои ги тепаат своите жении мотивиот го наоѓаат во тоа да бидат во тој момент важни, моќни и за жал тоа го прават во кругот на семејството, односно кон најблиските. Не секогаш е жената жртва ние имаме ситуација кога мајката си го тепа своето дете, ситуација каде стари и беспомошни лица се тепани од своите деца. „Превземаме одредени дејствија во функција на она што значи психолошка, економска или едноставно социјална, прва правна помош. Оние коии се со животно загрижувачка потреба на некоја помош ги активираме и шелтер центрите во Македонија“, рече Живко Силјаноски, директор на Центар за социјална работа Прилеп.

 

Жените признаваат дека насилството врз нив е се поприсутно. Како главен фактор ја наоѓаат финансиската зависност на жената од мажот.

 

„Жените се срамат да го кажат тоа поради тоа што знаете во малите места ние се познаваме сите и затоа го кријат тоа, а го има, има насилство“, вели една прилепчанка.

 

„Треба да иима повеќе трибини за да може да се ослободат жените или пак директно да се оди во нивните домови или пак да бидат послободни спрема институциите ии да си ги кажат проблемите“, вели друга прилепчанка.

 

„Мажите мислат дека треба да се доминантни, дека треба да бидат број 1. Ако си финансиски зависна тоа е, немаш право на глас“, вели друга прилепчанка.

 

Во Прилеп денеска се одржа настан како дел од кампањата 16 дeна активизам за борба против насилството врз жените. Во кампањата се вклучија учениците од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“.

 

„Имаме група од 50-тина деца, го правиме симболот за денот против насилството врз жените и девојчињата. Едноставно сакаме и нив да им дадем до знаење да бидат спремни понатаму во иднина да се спречува насилството врз жените“, рече

 

Ваквите случаи ќе може да се пријавуваат и комисијата за родова еднаквост при Општина Прилеп

 

„Лани Истанбулската конвенција не беше ратификувана од страна на Македонија, годинава успеавме да ја ратификуваме,таа стапи на сила и согласно таа Конвенција ова година заедно со Советот на Општина Прилеп и градоначалникот, имаме во предвид нареднава недела да се одржи панел трибина и дискусија која што ќе придонесе за развој на јавната свест за поттикнување на борбата против семејно насилство“, кажа Јулијана Цековска, претседател на комисија за родова еднаквост.

 

Експертите со став дека единствено решение за овој проблем е да се слушне гласот на жената и тие да не го кријат насилството туку без страв да ги пријавуваат случаите во соодветните институции кои ќе им помогнат.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи