Данска ќе ги праќа странските криминалци на напуштен остров

Facebook
Twitter
Email
Print

Странците кои направиле некој криминал во Данска и се осудени на депортација ќе бидат сместени на напуштен остров, објави данската влада.

 

Странските криминалци, кои покрај казната ќе треба да бидат депортирани во својата земја, ќе бидат сместени на островот Линдхолм, кој е голем седум хектари и се наоѓа меѓу Ман и Зеланд, потврди министерот за финансии Кристиан Јенсен.

 

„Тие нема да бидат затворени“, појасни Јенсен. „Од островот ќе има траект, но нема да сообраќа цел ден, туку сите осудени ќе се носат ноќе. На тој начин, полесно ќе мониторираме додека се таму“, вели тој.

 

Во установата ќе бидат сместувани осудени странски криминалци кои Данска нема да може да ги депортира, како на пример, оние кои се без државјанство или ако Данска нема потпишано договор за реадмисија со нивната татковина.

 

Во моментот центар во Јутланд служи за таа намена, па таму се сместени и други лица кои не направиле некој криминал, туку нивните апликации за азил се одбиени од Данска.

 

Тој центар ќе продолжи да постои, но ќе се користи само за сместување луѓе кои биле одбиени за азил и чекаат депортација.

 

Установата во Линдхолм пак, ќе се користи за сместување луѓе, со таканаречен толерантен статус, кои немаат дозвола за престој во Данска, но не можат да бидат депортирани, како и оние кои направиле одредени криминали.

 

Данскиот затвор и условен сервис ќе бидат одговорни за сите операции во установата. Полицијата постојано ќе ги чува осудениците кои чекаат понатамошен транспорт.

 

Се очекува центарот со ваква намена да почне да работи во 2021 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи