ВИДЕО – Анѓушев : Две странски компании се заинтересирани за купување на Еурокомпозит

Веќе имаме две понуди во рамките на Владата од странски инвеститори за превземање на Еурокомпозит и купување, со решавање на останатите плати на вработените и што е многу поважно, сакаме да видиме дека таа компанија ќе има извесна иднина.  Ова денеска го изјави во Прилеп, вицепремиерот Кочо Анѓушев, според кого целиот процес околу оваа државна компанија можеби изгледал дека се одвива споро, но затоа се водел квалитетно.

 

 

„ Од она што јас го гледам во понудите, гледам дека инвеститорите се спремни да направат нови производни линии и со луѓето кои се останати во Еурокомпозит, за нив да обезбедат работа, но не на постојната технологија и на постојниот машински парк, кој е сериозно застарен, туку со комплетно нова технологија што ќе ја инвестираат и ќе мора да довработуваат одреден број на вработени, но од други струки, помлади луѓе, луѓе кои ќе бидат со соодветни квалификации за тоа што ќе биде таму потребно. Поради коректност не би ги кажувал имињата на компаниите, тие се сега во моментов две кои веќе доставиле понуди. Тоа ми дава храброст да кажам дека процесот ќе се заврши, бидејќи секогаш кога има конкурентност, а за да име конкурентност треба да има најмалку 2 компании“, рече Анѓушев.

 

Но сепaк не беше прециизирано до кога ќе се чека на нови понуди за купување на Еурокомпозит и кога конечно ќе заврши голготата на оваа фабрика. Според Анѓушев опремнината ќе се исплаќала онака како што компанијата ќе имала финансиски средства, но тоа според него бил помалиот дел од проблемот, кој ќе бил решен во пакет.

 

„Јас се надевам дека ќе биде решен проблемот и со исплата на сите заостанати плати и придонеси на вработените во Еурокомпозит. Мислам дека е тоа многу поважно, заедно со опремнината, која е многу помала ставка“, додаде Анѓушев.

 

Инаку 100-те вработени во Еурокомпозит пред некој ден само по 8.000 денари плата, а додека останатите 130 коии заминаа како технолошки вишок добиија само 25.000 денари како отпремнина. Се заканија дека ако до 25 декември не добијат уште 25.000 денари ќе започнат штрајкови со блокади на улици и патишта. Вкупно треба да добијата по околу 90.000 денари пари за отпремнина, а во текот на овој месец уште 24 мина од Еурокомпозит треба да заминат како технолошки вишок.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи